Еролд Муслиу – новиот директор на разузнавање ги вознемири ДУИ поради Диво Насеље и ИВЗ, ама е позитивен за странските партнери

Додека мирно влегуваше во собраниската сала на комисија за надозр на тајните служби, Еролд Муслиу, новоназначениот директор на Агенцијата за разузнавање ги доби првите противења за неговиот избор. Од владеачката ДУИ имаат сомнежи за улогата на Муслиу поврзани со акцијата во Диво Насеље и последните случувања, тврдат за Телма извори од оваа политичка партија кои сакаат да останат анонимни. Не објаснуваат какви забелешки имаат, а исто така без директно објаснување остана и вицепремиерот Бујар Османи, кој изрази вознемиреност од новиот директор на разузнавање.

Новиот директор кој зад затворени врати го слушаше извештајот за работата на Агенцијата за 2018-та, вели дека не ги слушнал коментарите и не може да возврати.

Претседателот по ставот на ДУИ, вели дека Муслиу е избран поради стручноста и професионалноста меѓу неколкуте имиња кои се разгледувани.

Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави. За именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање беа известени и партнерските служби од земјите членки на НАТО. Именувањето на Муслиу е позитивно оценето од службите на сојузничките земји, смета претседателот Пендаровски.

Во свежо отворениот спор меѓу Водно и Мала Речица, премиерот од Илинденска вели не може да се меша во овластувања на претседателот.

Муслиу го наследува Зоран Иванов, кој е сменет пред истекот на мандатот но беше поставен од претходниот претседател Ѓорге Иванов. Назначувањето е објавено денеска во Службен Весник.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ