
Епидемија на жолтица во училиште во Ново Село
Прогласена е епидемија на жолтица во Посебното училиште Свети Климент Охридски во струмичко Ново Село. Десет деца со попречености на взораст од осум до четиринаесет години и еден вопитувач се заразени. Училиштето со интернат во кое има 45 деца и уште толку наставници и воспитувачи е затворено, а децата се пуштени во своите домови.
На инфективното одделение во струмичката болница се хоспитализирани четири деца а другите се пуштени на домашно лекување.
Во училиштето е направена дезинфекција и доколку не се појави нов случај ќе биде отворено по периодот на инкубација од најмалку дце недели.
Сузана Мицева