
Енормното трошење на водата за пиење за полевање тревници во Кочани го доведува во прашање нормалното водоснабдување
Кочанчани за време на полицискиот час за викендов енромно ја трошат водата за пиење. Со неа се полеваат тревници, бавчи, градини, пластеници, а се перат и килими. Надлежните од комуналното претпријатие аламрираат дека со нерационланата потрошувачка се доведува во прашање нормалното водоснабдување на високите зони на Кочани и населените места во услови на пандемија. Се испорачауваат максимални 195 литри во секунда, што е за четвртина повеќе од нормалната потрошувачка. Поради нискиот водостој во бунарите, од комуналното најавија дека веќе е распишан тендер за копање на нов бунар.
Додека во градот по куќите се троши водата, како да е техничка а не за пиење, низ кочанско поле земјоделците се подготвуваат за сеидбата на оризот. Но, дозволите за слободно движење низ полето се злоупотребуваат со тоа што се палат стрништата, пред неколку дена од запалено стрниште ќе изгорела и куќа во селото Прибачево.
„Апелирам сите одговорно да се однесуваме во овој период. Земјоделците да не ги злоупотребубаат дозволите за движење и да престанат да палат стрништа. Пред два дена пожарникарите мораа да интервенираат и да спасуваат куќа што ќе ја зафатеше оган од запалено стрниште“, вели Николчо Илијев градоначалник на Кочани
Полицијата забележала и дека во текот на вечерните часови крадците влегуваат во домовите кои се празни, а нивните сопственици се во странство, просечно се регистрираат од две до три кражби во едно деноноќие.
Викторија Јованова