
Еленовски е предлог на ДУИ
ДУИ го предложи Лазар Еленовски да биде специјален владин пратеник за НАТО во Брисел.
По силните критики во јавноста партијата соопшти дека: „Лазар Еленовски, исто како и во 2012 година, кога беше назначен за амбасадор во Брисел , така и сега, назначен е како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение предложено од партијата ДУИ“.
„Лазар Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македонија“, соопштија од ДУИ.
Владата го избра на функцијата Еленовски на вчерашната владина седница. Кадровско решение кое предизвика бура на реакции во јавноста поради неговата блискост со претходната власт.