
ЕЛЕМ со барање до Регулаторна- да се намали цента на струјата
Намалување на производствената цена на струјата за 1,5 проценти или 0,6 евра бара ЕЛЕМ од Регулаторната комисија. Генералниот директор на државните електрани, Драган Миновски, вели дека поевинувањето се должи на позитивните финансиски резултати што ги постигна компанијата, намалените трошоци, оптималното искористување на производствените капацитети, продажбата на вишоци електрична енергија. Дали тоа ќе значи и поевтинување на струјата за граѓаните, сепак, ќе Регулаторната комисија.
-АД ЕЛЕМ во барањето за определување на максималниот регулиран приход за 2018 година од Регулаторната комисија бара намалување на цената за АД ЕЛЕМ за 1,5 проценти. Ова е добра вест и се надевам дека и другите енергетски компании ќе не следат и ќе има на крај позитивен ефект врз сите граѓани на РМ, изјави Драган Миновски, генерален директор на АД ЕЛЕМ.
По честите дефекти и испади на термоблоковите во изминатиот период и проблемите во најголемиот производител на струја во државата, од РЕК Битола најавуваат инвестиција од 10 милиони евра за ремонтните активности на сите три блока, кои ќе завршат пред следната грејна сезона.
-Во изминатите неколку години од претходното на РЕК Битола, не беа завршени ремонтните активности. Затоа оваа година почнавме капитален ремонт на блок 1 и ремонтни активности на блок 2 и блок 3. Сакаме да бидеме комплетно подготвени и сите три блока да бидат во функција на почетокот на месец октомври и да се истера грејната сезона онака како што треба да биде, стабилна, изјави Васко Ковачевски, диркетор на РЕК Битола.
Од компанијата најавуваат модернизација на РЕК Осломеј, инвестиции во обновливи извори на електрична енергија, реализација на предвидените проекти Чебрен и Галиште, што ќе овозможи поголемо производство на електрична енергија и стабилен енергетски систем.
Емилија Мисирлиевски