ЕЛЕМ ја подготвува продажбата на Попова Шапка, Владата веќе бара потенцијални инвеститори

По неколкуте катастрофални сезони и неисплатливи инвестиции ЕЛЕМ, на барање на Владата, работи на физибилити студија за ски центарот Попова Шапка во која ќе бидат презентирани техничката, правната и финансиската анализа на можностите на овој ски центар. По ова од раководството на ЕЛЕМ, кое е сопственик на ски центарот, ќе биде изработена и тендерска документација за продажба.

Потенцијалнте инвеститори ќе се бараат во западноевропските држави каде зимскиот туризам е една од најразвиените гранки а сопствениците на тамошните ски центри веќе се контактирани. Анѓушев вели дека ќе се обидат да ги донесат во нашата држава и на Попова Шапка за да го презентираат потенцијалот на центарот.

Сегашните анализи покажуваат дека во реонот од 500 километри ски центарот Попова Шапка има најголем потенцијал и дека лесно ќе го надмине ски центарот Копаоник во Србија.
Премиерот Заев истакна дека самата местополжба и фактот што ски центарот Попова Шапка се наоѓа на само 80 километри од скопскиот аеродром ја зголемува атрактивноста кај инвеститорите.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ