Електричните тротинети влегуваат во законот за сообраќај

Наглата наезда на електрични тротинети на улиците ги притисна надлежните да ги вметнат во законот за сообраќај.

Отсега тие ќе мора да возат на велосипедска патека а ако направат прекршок се предвидуваат и парични казни.

Граѓаните сепак се скептични, сметаат дека кај нас законите во сообраќајот не се почитуваат доволно.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека со новите измени на  Законот за безбедност во сообраќајот возачите на елетрични тротинети нема да треба да вадат дозвола за управувње со тротинет.

Правилата предвидени со измените на законот се за тие и останати учесници во сообраќајот да бидат безбедни.

Поради глобалниот тренд за возење на електричен тротинет лани имаше

11 смртни случаи во поголемите европски градови меѓу кои се Лондон, Париз, Брисел, Стокхолм и Барселона.

Кај нас и покрај тоа што досега не беа регилирани со закон , oд МВР велат дека само еден возач на тротинет завршил со потешки повреди. 

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ