
Експремиерот Никола Груевски одбиен од кривичниот суд во Скопје подоцна да зaмине на издржување на затворска казна
Судија на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје ја одби молбата на експремиерот Никола Груевски со која бараше одложување на двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“ на СЈО. Груевски побара да остане подoлго на слобода, а пред судот образложи дека е потребен во Собранието во период кога се случуваат уставни измени, а наведе и приватни причини поврзани со неговиот докторски труд. Овие причини во молбата не биле доволни судот да донесе одлука во негова корист.
Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот од обвинителството означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата, велат од таму.
Специјалното јавно обвнителство кое го застапува обвинението за предметот „Тенк“ ја добило одлуката на судот. Денеска судот прави напори да му ја достави и на Груевски. Доколу тој ја прими му претстојат три дена рок за да ја обжали до Кривичен совет во судот. Толку денови ќе има и советот за одлучување. Доколку Груевски не добие позитивно решение во последната жалебна постапка, има обврска да се јави во Истражниот затвор „Скопје“ на 8 ноември.
Адвокатската петорка на Груевски работи и на резервната варијанта за одлагање на казната пред Врховниот суд. Одбраната во вонредното барање за преиспитување на пресудата ги навело речиси сите главни забелешки што ги истакнуваше и до сега: автентичноста на бомбите, приватноста на обвинетите, за застареност на делото за вештаците. Од врховен велат дека кај нив се уште не пристигнало барањато кое е поднесно во кривичен, а патува преку апелација.
Предметот може да се задржи во апелација бидејќи обвинетата Гродана Јанкуловска има рок до 6 ноември да се жали на 6 – годишната затворска казна која ја доби за истиот предмет. Известувањето на судијката Кацарска дека Груевски е правосилно осуден пристигнало и кај претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски кој има законскиот рок од 15 дена да закаже комисиска седница. Осуммината пратеници кои го формираа 2/3 мнозинство велат дека нема одново да сочинат вакво мнозинство и да гласаат Груевски да го загуби пратеничкиот мандат.
Собранието има можност да одлучува дали Груевски по ваквата пресуда е недостоен за вршење на пратеничката функција што е еден од предусловите за одземање на мандат на пратеник, отако тој доби две години затвор за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ ококу набавката на блиндираниот мерцедес вреден 600.000 евра.
Павле Беловски