Експлозијата во “Киро Дандаро” ја предизвикало 50 литарско буре со етил алкохол

50 литарско буре со етил алкохол ја предизвикало синоќешната експлозија во битолската печатница „Киро Дандаро“.  

Експлозијата на течноста која се користи во процесот на производство во печатницата, предизвика и мал пожар во просториите за рециклажа.

-Течноста се запали по краток спој на електричната инсталација, по што дошло до експлозија и пожар околу 22 часот. Нема повредени, а предизвикана е незначителна материјална штета, рече за Телма Драги Милошевски, директор на печатницата „Киро Дандаро“.

Работниците од трета смена ги повикале противпожарните екипи а до нивното пристигнување, со противпожарни апарати сами го гаснеле огнот.

Од ТППЕ од Битола велат дека добиле дојава во 22,20 за пожар во печатницата Киро Дандаро и 2 возила со 6 пожарникари се упатиле кон објектот.

-После половина час интервенција единицата се врати во базата. Причината според првичните сознанија за тој пожар е експлозија на хемикалија ацетат што се наоѓа во магацините на печатницата. Од експлозијата имало и искршени прозорци на соседните простории, рече командирот на ТППЕ-Битола, Костадин Поповски.

Од битолската полиција велат дека не е извршен увид, затоа што нема повредени, ниту материјална штета. Печатницата Киро Дандаро со години наназад го печати избирачкиот материјал за  сите изборни циклуси

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ