Експертска наместо партиска антикорупциска комисија

Новиот состав на Антикорупциската комисија ќе се бира по стариот закон од 2002 година. Наместо експертска нејзините 7 членови ќе ги бираат партиите. Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата не прифаќа новите антикорупционери да бидат предмет на меѓупартиски преговори со што би се продолжила досегашната практика на лојалност кон политката на власт, наместо нејзина активна контрола и почитување на законите.Бараат изборот да се одложи се додека не се донесе новиот закон.

На огласот што го распиша Собранието  пријавени се 39 кандидати, меѓу коии поранешниот Јавен обвинител, Александар Наков, маја Малахова, поранешна судијка и претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки, Злате Димовски од Факултетот за безбедност, Адвокатот Ангеле Илиевски кој го бранеше Зоран Верушевски, Чедомир Дамјановски од Лустрациската комисија и други. Комисијата за избори и именувања утре треба да го утврди предлогот за составот на Антикорупциска по што ќе го достави до Собранието кое треба да одлучи со просто мнозинство.Антикорупциската комисија не функционира 9 месеци откако петте челнови си поднесоа оставки поради аферата со патните трошоци и кириите за станови. По овој скандал владејачкото мнозинство  најави дека ќе се донесе нов закон за судир на интереси според кој изборот на членовите требаше да биде јавен, со распит и интервју на сите кандидати кој ќе се пренесува на Собранискиот канал.Заложбите за департизација и интегритет како и најавите дека новиот состав би имал увид до банкарските тајни и имот на функционерите, останаа само на хартија, документирани од јавните расправи што се одржаа.

 

Јулијана Лефковска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ