Експертите во Топ Тема со забелешки за Советот за координација на безбедносните служби

Ние сме мала држава која досега не покажа демократски капацитет за да се оправда концентрацијата на ингеренциите врз безбедносните служби кај премиерот, велат експертите во вечерашната емисија на Топ Тема. Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Горан Митевски вели дека измените се избрзани.

Мислам дека е грешка во моментов да се донесе овој закон, измените треба да се прават постепено. Знаеме дека претходната власт имаше концентрирано многу луѓе во петатта управа токму за прислушувањето на 20.000 граѓани секој ден. Таму има вработено 300 луѓе кои не знаеме што работат, има нови огласи и се вработуваат уште луѓе во МВР. За овие две години Министерот Спасовски не успеа да реши ниту едно од овие прашања, рече Митевски.

Од друга страна Магдалена Лембовска од ЕВРО ТИНК смета дека има голема потреба од координација на безбедносните служби но исто така треба добро да се размисли кој ќе членува во тој совет.

Безбедносните прашања се поделени меѓу премиерот и претседателот и треба да знаеме дека владата ја донесува стгратегијата за национална безбедност и логично е одредена моќ да биде концентрирана во владата. Меѓутоа не треба да заборавиме дека имаме Совет за безбедност кој го раководи претседателот и како уставна категорија тие ингеренции не може да му биде одеземени на претседателот. Ваков механизам за координација и тоа како е потребен но треба многу добро да се осмисли кој ќе биде дел од тој совет, рече Лембовска.

Професорот на Факултетот за безбедност и поранешен вработен во УБК, Маријан Николовски вели дека за да се даде оценка за овој предлог потребно е прво да се разгледа работата на останатите совети и координативни тела, пред се нивните заклучоци и ползата, која во крајна линија ја имале граѓаните од нив.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ