Експертите очекуваат позитивен сигнал за почеток на преговори со ЕУ

Во октомври Македонија може да очекува позитивен сигнал за почеток на пристаните преговори иако конечните одлуки се носат во последен момент на самитот на европските лидери, сметаат експертите. Клучно за земјава е во наредните денови Франација да го кристализира својот став, вели Симонида Кацарска од  Институтот за европска политика според која последната изјава на франацускиот амбасадор Тимоние дава оптимизам, но истовремено не треба да се занемарат ниту дилемите на францускиот претседател Макрон која се залага ЕУ најпрво внатрешно да се реформира, пред да се проширува.

  • Вчера имавме  позитивен сигнал Тимоние кој исто така прв пат рече дека очекува зелено светло но сепак знаеме дека прашањето за проширување на ЕУ во Франција се третира поинаку, се врзува со реформите за внатрешното функционирање на Унијата и треба да очекуваме веројатно се уште тие прашања да бидат поврзани. Можеби да се дадат предлози како понатаму би изгледало проширувањето и дали ќе се промени нешто во пристапот на ЕУ кон Макеоднија и веројанто Албанија, вели Симонида Кацарска директорка на Институтот за европска политика.

Тоа што холандскиот парламент не го подржува почетокот на преговори со Албанија не е пречка за Македонија смета Кацарска. Двете земји не одат буквално во пакет, односно иако се ставаат заедно на агендата, постојат две засебни одлукивели Кацарска, која посочува дека и германскиот буднестаг на некој начин ги раздвојува со тоа што за Макеоднија даде зелено светло а за Албанија условено. Доколку земјава во октомври од европскиот совет добие зелено светло, патеката во процесот на преговури може да биде многу подеталано набљудувана од ЕУ за разлика од претходните кандидатки.

  • Ние во нашиот случај очекуваме средина на октомври мандат од Европски Совет за ЕК да ја спреми т.н преговарачката рамка, очекуваме нова комисија што ке ги води преговорите технички и веројанто ке дојдат предлози од земеји членки во одно на унапредување нап роцесо на следење нам ониторниг на градење одредници. Не треба да не изненади ако има нови елементи на построг монитроинг бидјеики и јасено е и до сега дел од членките не се задоволни од начинот на кој се овди монитроинг со змејите со кои преговараат, вели Симонида Кацарска.

Претседателот на невладината Евро-атлантски совет на Македонија Исмет Рамадани смета дека одлуката на германскиот Бундестаг ќе влијае и на другите членки на ЕУ меѓу кои и Фрнација и Холандија да дадат подршка за да добијат датум за преговори.

Рамадани очекува дека  европските земји особено  Франција и Холандија сериозно ќе ја примат пораката на САД . Тој потсетува на изјавата дадена пред 10тина дена на американски специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер кој рече дека САД се надеваат дека Европскиот совет на 16 октомври ќе донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори со земјава. На крајот на следната недела во земјава доаѓа американскиот државен секретар Мајк Помпео кој ке се сретне со државниот врв.Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ