
Експертите очекуваат економска криза каква што сме немале во цела независност
Експертите и бизнисот во земјава со критики за спороста и благите економски мерки на македонската Влада. Бараат итна реакција за да не дојде до крах на економијата. Од Институтот Финанце тхинк се децидни дека не очекува економска криза каква што сме немале од независниоста наваму. Ја споредуваат со таа од 1992 година при распаѓањето на СФРЈ кога БДП паднал 13,2 проценти, и таа во 2001 при воениот конфликт кога е забележан најголем квартален пад од 12,7 проценти.
„Одговорот на економските власти е итно неопходен, со оглед дека освен неговата добра таргетираност, важна е и неговата навременост. Оттука, најголем дел од предлог-мерките кои циркулираат во јавниот дискурс треба без одлагање да бидат усвоени како официјални владини мерки- вели Петрески.
Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Грција, Бугарија со експресно реагираа со низа мерки за помнопш на граѓаните и компаниите.
Одложување на ратите за кредитите за граѓаните и стопанството, некаде и одложување на плаќање режиски трошоци, помош за работниците кои што ќе изгубат работа и за пензионерите со ниски пензии и социјалците , одложувања на плаќања на даноци за фирмите, финансиски инекции тешки милијарди евра за компаниите- се е само дел од економските мерки кои веќе ги донесоа, а некои веќе се носат во Собранијата на земјите од регионот за справување со штетите од Ковид 19.
Македонската влада до сега ги донесе овие мерки: 5,7милиони евра поволни кредити за компаниите или во просек по 10.000 евра за 570 компании, субвенционирање на 50 проценти од придонесите за најпогодените сектори, туризам, угостителство, транспорт, погодените компании нема аконтативно да плаќаат данок на добивка за три месеци, ќе има олеснувања и за данокот за личен доход за компаниите кои ги исполнуваат условите. Се запира извршувањето а УЈП нема да објавува листа на должници.Владата најави и задолжување од 600 милиони евра за помош на буџетот и стопанството.
Александра Филиповска