Експертите едногласни – Бундестагот ќе гласа позитивно, датумот ќе го добиеме до крајот на годинава

Позитивните сигнали од Германија ќе се реазилизраат, и во септември  Бундестагот ќе и даде на германската Влада зелено светло во поглед на датум за старт на преговорите, сметаат експертите. Пораката на канцеларката Меркел е јасна и недвосмислена а далчи тоа ќе се случи на почетокот или крајот на Септември зависи од обемот на работа кој ќе го има Бундестагот.

Најавите дека датумот за преговори ќе го добиеме во јуни е делумна грешка на Владата која е преоптимистичка во тој поглед, пред се поради текот на настаните внатре во Унијата.

Токму затоа овој „вакум“ период Владата треба да го искористи за спроведување на реформите, подобрување на угледот и секако да го задржи досието чисто.

Одлуката на Холандија да ја блокира одлуката за Албанија е очекувана поради текот на настаните во државата и ќе и помогне на нашата држава бидејќи ќе се направи јасна дистинкцијата во напредокот.

Кога станува збор за темпото со кое ќе се одлучува за Македонија, по септемвриското гласање во Бундестагот, клучно е да се напомене дека прва точка на престојниот самит во октомрви ќе биде Брегзит.

Првата меѓувладина конференција можно е да се одржи и на почетокот на следната година доколку одлуката за старт се донесе на самитот во октомври, но според нашите соговорници сепак станува збор за месеци и поради тоа не треба да се гледа како неуспех.

Дипломатски извори за МИА тврдат дека пред престојниот министерски совет кој ќе се одржи во вторник, последната верзија на нацрт заклучоците гласи дека членките на ЕУ ќе се навратат на прашањето со изгледи за носење на позитивна одлука не подоцна од септември а доколу на 18 јуни земјите членки постигнат консензус за заклучок во кој се наложува изготвување на преговарачка рамка со Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција тоа ќе значи дека нашата држава влегува во преговарачкиот процес.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ