Македонија Експерти: Застарувањето повеќе не смее да ги спасува политичарите
Рокот за застарување на кривичните дела на функционерите да почнува да тече откако ќе им заврши мандатот а не кога ќе го сторат кривичното дело додека се на власт. Оваа идеја може да се најде меѓу измените на кривичниот законик на чија ревизија веке подолго време работи експертска група вели за Телма, академик Владо Камбовски.
Според него застарувањето не смее да се користи како инструмент за избегнување на правдата и објаснува дека треба да се примени диференциран пристап, за одредени кривични дела поврзани со криминал и корупција на политичари но и за дела против деца и ранливи категории, да важат поинакви рокови.
Вакви законски одредби за застарување но и построги казни за функционерите веќе има во Хрватска.
Ова искуство вчера на социјалните мрежи го посочи судијката од Кривичен, Оља Ристова која вели дека време е да се размисли за вакви законски измени. Поддршка доаѓа и од невладиниот сектор.
Тоа што експремиерот Груевски се спаси за Траекторија со застарување на делото предизвика бура реакции на социјаните мрежи а мегу иницијативите за измени дојде и онаа од пратнеикот од власта Александар Кирацовски кој предлага закон со кој кривичните дела сторени од избрани и именувани функционери нема да застаруваат.
Спас за политичарите јавноста препозна и во дебатата на уставните судии кои пред себе имаат иницијатива за оценување на член од кривичниот закон кој се однесува на злоупотреби при јавни набавки или на штета на буџетот а за што се предвидени затворски казни од 5 до 15 години.
Експерите по кривично право и невладините со порака до уставните судии
Уставниот суд дополнително треба да се прозинесе дали ќе ја прифати да ја оценува оваа иницијатива, кој директно засега голем дел од обвинетите поранешни функционери во предметите на СЈО но и мн други
Елена Мукоска Ивановска



