
Експерти на СЗО во контрола на родилиштата
Родилиштатата во земјава – под лупа на Светската здравствена организација. Загрижувачки високата доенечка смртност го крена алармот на уште повисоко ниво. Странски здравствени експерти заедно со домашните ќе бараат и нудат решенија, откако ќе ги оценат условите во кои работат родилиштата.
„Анализата што ќе ја направат експертски тимови, поддржани од експерти од СЗО кои се веќе во земјава и од денеска почнуваат со посета на сите родилишта, има за цел да направи анализа во какви услови тие функционираат. Точно ќе знаеме во кое родилиште, во која ЈЗУ, која проблематика може успешно да се таргетира врз основа на соодветни критериуми“, кажа Венко Филипче, Министер за здравство
Проблемот со родилишатата уште еднаш исплива на површина со последната владина стратегија за намалување на смртноста кај новороденчињата. Аларманетен е недостигот на матични гинеколози.
Празни се гинеколошките амбуланти во преку 40 општини. Матичните гинеколози вчера повторно го кренаа својот глас, но овој пат со малку поостра реторика. Велат, од фелата се бара многу, а за возврат добиваат малку пари и почит.
Се заканија дека нема да прегледуваат пацинетки, односно ќе го рабоатат само административниот дел, како што е издавањето упати и рецепри. Но оваа одлука остана на лебди, откако ФЗО ги повика на разговори. Дали ќе ги реализираат заканите, ќе се знае по соочување на аргументите со раководството на Фондот.
Неодамна предупредувачки тонови стигнаа и од УНИЦЕФ. Во последниот извештај на организацијата Македонија се најде на второ место во Европа по смртноста на новороденчиња.
Весна Јовановска Дојчиновска