Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков се изјасни за невин за масовното прислушување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков се изјасни за невин СЈО го товари дека бил организатор на масовното прислушување. Заедно со бегалецот Горан Грујевски и уште една вработена во УБК формирале злосторничко здружување во кое и други обвинети од УБК се пркулучиле рече обивнителката Ленче Ристовска во воведниот говор. Сите обивнети имале свои улоги а Мијалков освен што бил организатор на групата ги држел под контрпла останатите обвинети но и самиот преку лозинка имал пристап и ги следел комуникациите на дел од граѓаните, рече обвинителката.

Раководени од желбата за сеопфатна контрола на протекот на информациите, а како би оствариле предност во политичката и бизнис конкуренција, формирале злосторничко здружување кое преку континуирана злоупотреба на системите за следење на комуникациите со кои располага УБК вршеле масовно нелегално следење на комуникациите на граѓаните, рече Ленче Ристовска, обвинител СЈО.

Според Ристоска, „Таргет Тврдина“ ќе испише нова историја и е еден од најобемните предмети со над 300 оштетени повеке од 100 сведоци и многу докази. Биле прислушкивани над 4800 телефонски корисници а се прислушувало и во 2015 по објавувањето на бобмите кога биле следени комуникациите на над 500 граѓани. Во тој период се лсучило и незкаонското уништување на сиситмеите за следење за да се покријат трагите и со тоа бил направена штета од околу 1,4 милиони евра

Сите осумммина присутни обвинети рекоа дека не се чувствуваат виновни. Шефот на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски додаде и дека совесно одговорно и професионално си ја вршел работата.

Адвокатите приговараа дека сјо не е надлежно да води ваков предмет бидјеки нема прислушкувани разговори но и дека дел од дејствијата се случил по 2015 година.

На наредното рочиште ке се знае и дали ексминистерката Гордана Јануковска ке бидеп овторно присоединета во ова обвинение на барање на СЈО.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ