Екс пратеник крадел податоци од системот на Централен Регистар

Поранешниот пратеник од редовите на НСДП, Љубомир Јосифовски, вчеравечер е приведен бидејќи крадел податоци за фирми од системот на Централниот регистар каде бил претплатен. Упадот во системот веднаш бил дететктиран од администраторите во Централениот регистар и пријавен во МВР, каде пак десетина дена ги следеле он лајн активностите на Јосифовски во регистарот.

Доволно докази се собрани вчера и Јосифовски заврши на неколку часовен распит во полициската станица „Беко“ а бил изврешн и претрес во стан на улицата партениј Зографски во центар каде што тој престојувал кога ги влечел податоците од централен регистар.

Од МВР соопштија дека Јосифовски е пуштен на слобода и денеска  По неколку часовен распит во станицата Јосифовски е пуштен на слобода а од МВР инфромираат дека денеска против него ќе биде поднесена кривична пријава.

  • Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен Јавен обвинител, го лиши од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, велат од МВР.

Од Централен регистар пак соопштија дека упадот преку логот на фирмата на Јосифовски, ИНФОГРУП ДОО Скопје, бил веднаш детектиран и пријавен во МВР. Оттаму потенцираат дека податоците  на регистарот не се компромитирани

  • Упадот е извршен со злоупотреба на безбедноста и со надминување на безбедносни пречки од страна на Друштвото за обработка на податоци, хостирање и слични дејности ИНФОГРУП ДОО Скопје. На тој начин ова правно лице неовластено обезбедувало податоци од регистри што ги води Централниот регистар.Потенцираме дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри што ги води Централниот регистар, соопштуваат од Централен регистар.

Според инфoромациите на Телма, Јосифовски имал договор со Централниот регистар да  користи податоци преку интердистрибутивен систем услуга за која се плаќа. Тој го злоупотребил пристапиот до системот и симнувал податоци за други фирми, нивното сопствеништво и состојба. За која цел допрва ќе се утврдува

Осомничениот Јосифовски не беше достапен на двата мобилни телефони за коментар. Љубомир Јосифовски беше во пратеничкиот состав на Собранието во периодот од 2014 до 2016 година и му беше противкандидат на Тито Петковски за лидер на партијата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ