Екс-началникот на УБК, Сашо Мијалков останува без пасош

Ваква одлука донесе кривичниот суд од кога Мијалков бараше да му биде укината мерката за предпазливост со која му е одземен пасошот бидејќи СЈО се сомневаше дека ќе бега.

Неговите адвокати тврдеа дека има медицинска документација со која се потврдиува дека Мијалков треба да оди на лекување во странство поточно во Прага во Чешка.

Според нив државната клиника гастро му дала мислење дека таква сложена операција на хранопроводот за каква што има потреба Мијалков тука не се прави, но токму од клиниката демантираа.

Пациент со такво име и презиме немале, а само потврдија дека еден од адвокатите се обратил до клиниката со прашање дали се извршуваат такви операции. Но од клиниката одговор не добил бидејќи тие ниту даваат мислење за лекување во странство а ниту пак го виделе пациентот.

Во меѓувреме и обвинителката Фатиме фетаи која го води случајот Титаник два во кој е обвинет Мијалков се противела на ваквото барање и дала негативно мислење.

Сега судот ова барање го прогласи за неосновано а му порача дека може да се жали во апелација. Во исто време е донесена и одлука за бизнисменот Сеад Кочан, за кој веќе има правосилна пресуда во предметот Труст.

Тој веднаш мора да оди на издржување на затворската казна од четири години и осум месеци.

Првично судија за извршување санкции наложи тој да се јави во затвор најдоцна до 17 јули, но Кочан се жалеше на одлуката со образложение дека има недовршени работи.

Во меѓувреме поднесе уште едно барање за одложување на извршувањето на пресудата бидејќи се разболе.

Но и двете се одбиени од судот па сега е наложено да се изврши казната.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ