
Економски мерки за спречување на последиците од корона вируот : Ограничувања на извоз на пченицата и брашното
Владата одлучи да се ограничи извозот на пченица до крјот на април. Ако е потребно овој рок ќе биде продолжен, стои во соопштението од денешната седница. За да има доволно количини брашно Македонија нема да извезува во соседна Србија еден месец. Одлучено е и кои ќе бидат највисоките цени на најнеопходните продукти – сол, леб , зејтин, шеќер , лекови.
Дополнителни економски мерки за справување со последиците од коронавирусот е и финансирањето на микро, малите и средните препријатија. Па така комапниите кои имаат до десет вработени можат да добијат кредит од 3 до 5 .000 евра. Малите компании можат да подигнат кредит до 15.000 евра , а средните до 30 .000 евра.
Ќе се субвенционира и туризмот и угостителството за месец мај, јуни и јули.
Маркетите , банките и поштите и понатаму ќе работат но ќе мора пред влезовите да стојат редари за да граѓаните држат растојание еден од друг.