Еколозите до владата: Тргнете ги веднаш багерите од Водно

Багер за товарање, булдожер и помал багер со корпа. Три машини, 4 месеци стојат на сртот во парк шумата Водно. Започнаа да копаат траса за гасовод, а на барање на еколозите владата ги запре. Пред три дена се вклучиле и срамниле со земја нови 200 метри зеленило. Немале одобрение за градба, нова еколошка студија, ниту пак изветување што работат. Денеска добија нов повик од граѓанските здруженија да го напуштат Водно.

Владата не крие дека на Водно одново  работи градежната механзиација. Изведувачот, акционерското друштво – Македонски енергетски ресурси изработиле нова траса.

„ Во тек се единствено подготвителни активности за препроектирање на трасата, со цел обезбедување нова траса со која ќе се обезбеди максимална заштита на животната средина. Во наредниот период планирани се активности во деловите каде не е предвидена измена на трасата, односно деловите каде нема загрозување на животна средина.“, одговараат од таму.

Со новиот план место 25 метри во широчина да се рамнат 10. На овој начин место 3.000 метри кубни дрвја ќе се уништат двојно помалку.

Еколозите и граѓаните прашуваат зошто да се сече и едно дрво и да се нарушува биодиверзитетот кога владата од 5 понудени решенија за гасоводот го одбрала она кое минува низ заштитено подрачје.

Побараа од државниот и градскиот инспекторат да ја рповерат докеумантација на АД МЕР соменвајќи се дека комапниајта не изготвила одново студија за оценка на влијанието врз животната средина. Гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар, треба д заврши во Охрид.  Владата преку вицепримериот Кочо Анѓушев вети дека за 1 исечен одрво ќе се посадат 10, за овој предел да се врати во првобитна состојба за неколку месеци.

 

Павле Беловски

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ