Еколошките налепници неприфатливи за опозицијата

Еколошките налепници во црвена,жолта и зелена боја се неприфатливи за опозицијата бидејки со нив  велат нема да се намали загадувањето на воздухот. Наместо трајно решение за проблемот, владата според нив нуди дискриминирачки и нелогичен предлог кој финансиски ќе ги оптерети граѓаните и ќе создаде конфликти во службите за технички преглед на возилата. Општините пак кои ќе определуваат кое возило во кој ден смее односно не смее да вози, ќе ги доведе во тотален хаос бидејки јавните претпријатија за комунална хигиена, за водовод, брзата помош и други со години работат со стари возила.

„Возилото на водовод ќе се движи низ Кисела вода и нема да смее да влезе во центар, праша Никола Мицевски од ВМРО ДПМНЕ.

„Од 3200 автобуси, 2500 се стари, што ќе прават, нема да возат? Со што ќе одат граѓаните на работа, со електричните возила“, кажа Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.

Власта и пратениците од мнозинството тврдат дека еколошките налепници се само еден од начините со кои ќе се намалува загадувањето. Иако општините тонат во долгови, а владата посегна во буџетот за да им го намали долгот, на овој начин уверуваат тие, ќе се купуваат нови возила

Нашата интенција е локалната самоуправа да ги обнови возилата во таа насока се и субвенциите, изјави Зоран Павловски – Министерство за економија.

Според Маја Морачанин дел од загадувањето се должи и на увозот на стари возила. Податоците говорат дека од 2010 година во Макеоднија се увезени 230 000 возила со стандард понизок од Евро 4, а  70 % од возилата се постари од 10 години. Предлог законот предвидува казна од 500 евра ако возилото нема налепница, односно 2000 евра доколку станува збор за фирма.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ