Екологистите порачаа: Итна седница на Владата или радикализација на протестите

Втор ден во Скопје се протестира поради енормното загадување на воздухот. Денеска граѓани и екологисти во организација на здружението „Канцерогено општество“ го блокираа булеварот пред Собранието во знак на револт поради неажурноста и незаинтересираност на надлежните за справување и решавање на овој сериозен и опасен проблем.

Тие побараа министерот Дураку и заменикот макрадули секојдневно да дадат отчет и да ја информираат јавноста за тоа што сработиле за намалување на аерозагадувањето.

Тие најавија дека нема да останата на организирање на протести пред Собранието и дека ќе ги радикализираат доколку надлежните не го сменат својот однос. Дадоа и поддрѓка на иницијативата за блокирање на надлжените институции и градските власти.

Граѓаните сметаат дека мерките ко се превземаат се без ефект бидејќи и дека мора да се прејде на конкретни и ако треба неопопуларни мерки.

Вчера се протестираше пред депонијата Дрисла каде еко активистите од граѓанската иницијатива „Движење за чист воздух“ во знак на предупредување петнаесет минути го блокираа влезот на депонијата. Револтирани од инертноста на надлежните кога станува збор за најголемата депонија во државата и енормното загадување на воздухот кој го дишат скопјани побараа да се одземе концесијата на италијанската фирма. Екологистите поставија конкретни прашања до Владата и надлежните за начиот на кој се складира и согорува отпадот и нагласија дека бараат измена на правилниците и ненајавени инспекциски контроли во депонијата Дрисла.

Градоначалникот Петре Шилегов најави дека до крајот на месецот ќе ја донесе одлуката која се чека со месеци – кој ќе биде идниот концесионер на Дрисла.

Скопје вчера беше на четвртото место на најзагадени градови во светот. Владата најави мерки за борба против загадениот воздух преку програма за чист воздух, за која има одвоено буџет само 2 милиони евра. Најголемиот дел од парите се наменети за субвенции за печки на пелети и прочистувачи на воздух по училиштата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ