
Екологистите најавуваат „ Дојрански договор“ со Владата против отварање на рудници во Македонија
Македонија мора да биде држава без рудници бидејќи тоа ќе ја уништи животната средина и егистенцијата на голем број на граѓани во источниот и југоисточниот дел од државата, порачаа екологистите на денешната конференција „ НЕ за рудници, ДА за зелена економија“.
Предупредуваат дека постои „рударско лоби“ составено од политичари, пратеници, бизнисмени и професори кои подотвуваат да се покрене инцијатива пред Уставен за да се укине законот со кој се забранува упореба на цијаниди сулфурна киселина.
Доколку, не се стопира отварањето на рудници, екологистите најавуваат засилување на протестите и притисокот врз Владата и т.н „ Дојрански договор“
Од партијата ДОМ децидни дека се против отварање на рудници бидејќи загадувањето негативно влијае на здравјето на луѓето од југоистокот но и на почвата од која егзистираат голем број од нив.
Од партијата нудат алтернатива – зелена економија за која се убедени дека ќе ја заштити средината и ќе ја подобри економската состојба на граѓаните.
Рудникот „Иловица“ е причината за низа граѓански протести против негово отварање а последниот се случи викендов.
Активистите најавуваат дека ќе бараат кривична одговорност од надлежните доколку некој дозволи тој да проработи.
Екологистите се убедени дека рудникот „Иловица“ нема да проработи бидејќи нема комплетна документација, нема интегрирана еколошка дозвола и доколку се раскине договорот Владата нема да треба да плаќа пенали.
Тие побараа од министерството и за животна средина да го објави елаборатот за проценка на влијанието на рудникот врз животната средина кој бил класифициран за јавноста да се запознае што точно ќе се случи доколку тој проработи.
Огнен Чанчаревиќ