Екологистите бараат оставка од градоначалничката Теутa Арифи

Еколошките организации побараа оставка од градоначалничката Теутa Арифи, поради непреземањето на никакви мерки против енoрмното аерозагадување во Тетово, каде последниве неколку денови концетрацијата на штетните ПМ десет честички, надминала за речиси четири пати над максималните граници

Невладините сметаат дека владата на чело со премиерот Зоран Заев која ја подржа Арифи да победи во вториот круг од локалните избори, поради неодговорното работење, треба да и ги одземе на тетовската локална самоупорава ингеренциите во областа на животната средина. Според досегашната пракса, општината нема идеја како да го намали аерозагадувањето, велат од Мајка и Дете

Инаку владата донесе одлука да престанат да важат препораките за намалување на аерозагадувањето во Тетово, поради намалените среднодневните концетрации на ПМ десет честички под прагот на алармирање во два последователни дена.

Во меѓувреме за сообраќајниот хаос во градот ништо не се презема, се градат големи урбани зданија кои ја попречуваат нормалната циркулација на воздухот, а јавната нехигиена и натаму е присутна.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ