
„Еко клуб“ носи медицински отпад во Дрисла и покрај скандалот кој го објави градоначалникот Шилегов
Снимките од инсталацијата на „Еко клуб“ во кругот на МЗТ контра наодите од инспекциски служби.
Што ќе биде пресудно за оваа фирма да ја задржи или загуби лиценцата за работа со опасниот и токсичен медицински отпад.
Министерот за животна средина Насер Нуредини без јасен одговор, вели дека ќе ги чека разултатите од последната вонредна инспекција и секако од обвинителството и потоа во рамките на законските надлежности ќе превземе конкретни мерки
Државниот инспекторат тврди дека не нашол ништо спорно при инспекцијата на „Еко клуб“ извршена кон средината на декември и дека контроли се вршат редовно.
За него единствено спорно е како и зошто претставници на Град Скопје влегле на своја рака да ја проверат состојбата.
Додека се чека на обвинителството и наодите од вчерашниот надзор во инсталаицијата во кругот на МЗТ, „Еко клуб“ повторно носи медицински отпад во Дрисла од клиничките центри во Битола и Прилеп.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера објави во јавноста снимки и слики од инсталацијата на „Еко клуб“ на кои јасно се гледаат остатоци од медицински отпад, токсични течности кои се изливаат од возилата за транспорт, се сливаат во атмосферската канализација и завршуваат во Вардар како и животни кои се хранат од остатоците од медицинскиот отпад.
Огнен Чанчаревиќ