
„Еко Герила“ бара од Заев да и ги одземе ингеренциите на Теута Арифи
Оваа видео снимка покажува како дел од зелените јавни површини се узурпираат и пренаменуваат во јавни паркинзи наменети за станарите на новоизградените згради.
Зеленилото и понатаму се узурпира и оградува како место за приод на градежна механизација за објеките, кои допрва треба да се градат.
Видеото го прикажа Еко Герила, која ја обвини Општина Тетово за непреземањето мерки за овој урбан хаос, депонии за отпад во повеќето делови од градот, недостаток на вода за пиење. на јавен превоз, паркинг простор.
Оттаму побараа од премиерот Зоран Заев да и ги одземе градоначалничките ингеренции на Теута Арифи, затоа што тој во предизборниот период се залалгал и агитирал да го добие вториот мандат.
Арифи пак напротив смета дека општината работи на ослободување на јавните површини. Се пофали дека инспекцисктие служби остраниле неколку привремени објекти, а ќе се преземаат мерки за зачувување на зеленилото во градот.
Општината изминативе неколку години спроведува акции за остранување на дивите тезги, но тие за неколку дена повторно се поставуваат на јавните површини. Таква е и сликата на градскиот плоштад кој и годинава е узурпиран од еден куп тезги и детски количиња.
Зоран Димовски