Еко активистите се сомневаат за нечесни игри во врска со рудникот кај Иловица

Корупција и криминал гледаат борците против рудник на планината Огражден во неодамна откриената одлука на управниот суд. Активистите на Здрава котлина сметаат дека нешто се затскрива во случајот со рудникот Иловица, бидејќи одлуката на Управниот суд е донесена за време на вонредна состојба, а втората страна не може да поднесе жалба токму поради вонредната состојба, па сите понатамошни процеси се запрени како и конечната судска разрешица.

На официјалната фејзбук страница  Здрава котлина го повикуваат членството да се подготвува на радикални чекори против Еуромакс и судството.

Управниот суд се уште не одговорил на прашањата во коишто побаравме што стои во образложението на пресудата. Еуромакс, пак, велат дека нема да коментираат судски пресуди.

 

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ