
Еко-активистите најавуваат бојкот на изборите
Активистите против рудници ќе водат кампања за бојкот на парламентарните избори. Револтирани од последната како што ја нарекуваат, скандалозна пресуда на Управниот суд, им порачаа на политичките партии дека ова е последен пат да си поигруваат со волјата на граѓаните.
Освен антиизборна кампања, активистите најавуваат и граѓанска непослушност и кривични пријави.
Ваквите најави на активистите доаѓаат по пресудата на Управниот суд од 31 март со која се уважи тужбата на концесионерот за неиздавањето на дозвола за експлоатација од страна на Владата.
Сузана Мицева