
Екатимерини: Скопје и Атина чекор напред околу ревизијата на учебниците по историја
Скопје и Атина чекор напред околу ревизијата на учебниците по историја. Грчкиот весник Екатимерини, повикувајќи се на високи претставници од Грција и од Македонија, пишува дека е остварен напредок во преговорите за воведување на измени во учебниците.
Ревизијата е предвидена со Договорот од Преспа. Координатор на интердисциплинарниот Комитет од макеоднска страна е амбасадорот Виктор Габер.
Тој неодамна потенцираше дека за промените во учебниците, владите на Македонија и Грција ќе одлучат дали одговараат на духот на Преспанскиот договор, со кој двете земји стануваат сојузници. Потенцираше и дека антиката нема да се вади, но дека проблем се формулациите.