ЕК очекува законот да биде пратен во Венецијанската комисија

Европската комисија очекува законот за јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во планот 3-6-9, и го нотира вчерашното усвојување, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Спроведувањето на законот, треба да биде во согласност со европските стандарди, вели Коцијанчич.

Очекувањата на Европската комисија, се Собранието сега да се фокусира на реформите и да напредува во европската агенда.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ