Егзодус на Скопјани пред 80 -часовниот карантин

Неколку часа пред почетокот на долгиот карантин, колони возила чекаа на излезите до Скопје. Најмногу гужва забележаа камерите на државното претпријатие на патарината кај Глумово, од Скопје кон Тетово, а долги колони имаше и на велешки Сопот, од Скопје до Велес.

За разлика од изминатите години кога за продолжените викенди најголемата гужва беше на граничните премини, денеска таму е пусто и има само камиони за транспорт на стоки. Скопје е во 80-часовен целосен карантин заедно со Куманово, Штип, и други ризични општини.

Во останатите делови од земјава, во наредните три денови, полицискиот час ќе започнува од 16 часот и ќе трае до 5 часот наутро.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ