Eдно починато лице на инфективна клиника, 36 новозаразени од Ковид -19 и 13 оздравени луѓе

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Виница-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на Kовид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.

Направените 411 теста се преку: ИЈЗ –248, Ветеринарен ф-тет -13, Авицена –14, Биотек -42, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода  -27 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина се 3 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, и Тетово сe хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ