Едно лице ранети – спречен обид насилен влез во касарната „Гоце Делчев“

Спречен обид за насилен влез во касарната „Гоце Делчев“. Од Министерството за одбрана велат дека изутринава во два часот и 53 минути е спречен обид за насилен влез во кругот на касарната, која се наоѓа во населбата Аеродром во Скопје.

Војникот кој бил на стража, според пропишаните процедури, повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрели во воздух.

Лицето и понатаму не одговорило на предупредувањата, при што со еден од истрелите е погоден во десната пета. Од Министерството за одбраа  велат дека му била пружена прва помош, и повредениот бил однесен во болница.

Неофицијално, станува збор за 42-годишник, кој, наводно, бил пијан. Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот. Сите информации и докази се предадени на органи кои работат на расчистување на случајот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ