
Една, три, шест или осум изборни единици?
Се зголемува бројот на идеи за менување на изборниот модел.
Група од 12 пратеници од помалите и од партиите со етнички предзнак поднесоа иницијатива за една изборна единица според пропорционалниот модел со отворени листи.
Велат дека досегашниот модел обезбедува мандати само за неколку поголеми партии, а другите ги принудува на предизборни коалиции.
Бараат средба со спикерот Џафери но и директно учество во разговорите на работните групи.
Работната група меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за реформа на изборното законодавство не се состанува. Двете партии имаат различни ставови.
Опозициските Беса и Алијанса се залагаат за задржување на пропорционалниот модел, но во различен број изборни единици.
Пред изборите во 2020-та, Изборниот законик секако ќе се менува поради големиот број пропусти посочени од домашните и од меѓународните експерти. Неизвесно е дали тоа ќе вклучи и промени во изборниот модел, но извесно е дека е потребен консензус за секоја промена во изборното законодавство.
Соња Николовска