Една недела трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова од Босилово

Една недела трае неизвесноста за судбината на 28 годишната Марија Брзакова од Босилово.  Од средата специјални полициски тимови со кучиња трагачи го пребаруваа Босилово и околината, но нема трага од младата жена. Од денеска во потрагата се вклучија и доборволци кои бараа дури до бугарската граница.

Масовна потрага по исчезнатата Марија Брзакова од Босилово. Ловното друштво од Босилово утринава организираше потрага со полицијата но и голем број доброволци од целата околина. Настанот што го потресе струмичкиот крај ги натера ловџиите како добри познавачи на теренот да понудат помош и да учествуваат во акциите.

Потрагата трае со денови, а од средата полицијата вклучи и специјални тимови со кучиња трагачи.

Исчезнувањето на Марија е пријавено во понеделник попладне од сопругот. Последен пат излегла од дома три дена порано, во саботата наутро. Била облечена во тренерки и не понела ниту мобилен ниту лични документи. Марија е мајка на малолетно дете.

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ