
Една недела пред крајот на мандатот Караџовски тврди дека немало притисоци врз судството
Пред 3 години кога го започна мандатот како прв човек на највисокото судско тело Зоран Караџовски вети дека ќе се залага за спроведување на реформите и дека ке се спротивставува на политички влијанија и притисоци.
На една недела пред да ја напушти претседателската фотеља, Караџовски тврди дека политички влијанија немало .
Конкретно со имиња ги наведе СЈО во извештај – тројца судии и поранешната претседатлка на советот.
И покрај тоа што законот за судски совет уште во третиот член забранува политичко организирање и дејствување во Советот и дека ова тело со својата работа оневозможува политичко влијание во судството, Караџовски повторува дека не можел да спроведе постапка и да провери бидејќи биле истечени роковите
Караџовски повтори дека нема да се бори за нов мандат на чело на судскиот совет а на својот наследник ќе му остави недовршени постапки за одговорност на судии за бегството на разузнавачите Грујевски и Бошковски и судиите кои одлучуваа за притворот на бизнисменот Кочан и но и недоврешна седница за пропустите со Акмисот.
Меѓу можните кандидати за нов претседател извори од советот го споменуваат врховниот судија Киро Здравев кој на денешната седница ги презентираше годишните извештаи на судовите, според кои 118 судски предмети повеќе од една деценија патуваат низ судовите без завршница.
Елена Ивановска Мукоска