Една изборна единица чека на пратениците

Промената на изборниот модел во една изборна единица, никако да се најде  пред пратениците. 15 пратеници од помалите партии го поднесоа предлог-законот пред речиси еден месец, со оптимизам дека до изборите во април има време да биде и изгласан, но освен една јавна расправа, за таква можност не се ни дискутира.

Премиерот денеска изјави дека, на потег се пратениците и дека тоа во никој случај нема да биде пречка за одложување на изборите.

Во меѓувреме, продолжуваат другите изборни реформи. Заев денеска потпиша меморандум за соработка со швајцарската амбасада кои ќе инвестираат 12 милиони швајцарски франци преку нивната агенција за обнова и развој за подобрување на изборниот процес во тек на десет години.

-Демократски избори се клуч за демократија во државата, а тоа вклучува зацврстување на институциите кои се занимаваат со изборниот процес, како ДИК и комисиите на локално ниво. Секако, ова значи и поддршка на демократизацијата на политичките партии. Сакаме да ги научиме да бидат одговорни пред нивните граѓани и да инвестираме во демократското образование на граѓаните, за тие да бараат и очекуваат одговорност од партиите, изјави Сибил Зутер Техада, амбасадорка на Швајцарија.

Последниот збор за изборните реформи ќе го има Собранието, но ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се против промена на изборниот модел.

Образложението им е дека, на шест месеци пред избори, не се менува Изборен законик.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ