Една и пол година затвор за дадилката која тепаше две годишно дете во игротека

Една и пол година затворска казна доби дадилката кој го тепаше двегодишното момче во игротека во Капитол мол. Вака одлучил кривичниот суд откако жената ја признала вината. Сега предметот по жалба е во апелациониот суд кој ќе треба да одлучи дали оваа казна ќе остане иста или ќе се промени. Инаку настанот се случи на 21 ноември лани, а малтретирањето врз детето било снимано од безбедносните камери на игротеката.

Видеото беше објавено јавно по што обвин ителстовто го поднесе обвинението за дадилката.  Во него се велеше дека додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ