Единсвтениот еколошки ѕид во Тетово поставен од Општината се исуши

Еколошкото дрво во форма на билборд поставено во центарот на Тетово е целосно уништено. Голем дел од садниците ги нема, а тие што останаа се исушени.

Демолирана е и самата конструкцијата. Тетовци велат дека ниската еколошка свест но и негрижата на општинските власти, се виновни за судбината на еко дрвото, кое требаше да го прочистува воздухот.

Еко дрвото беше поставено во март минатата година. Но за изминативе 17 месеци во неколку наврати беа остранувани садниците со мов, а пумпата за наводнување се расипа.. Експерти утврдија дека во неа не било ставано доволно количини на вода.

Од Еко Свест, кои посредуваа да се постави билбордот, дониран од германската амбасада, велат дека се е во рацете на Општина Тетово која е надлежна за негово одржување.

Ако оттаму побараат помош од нас за набавување на делови како пумпа или садници ние ќе излеземе во пресрет, тие веднаш ќе се постават и со редовно наводнување дрвото повторно ќе оживее, велат од оваа организација.

Од Општина Тетово само накусо ни одговорија дека во пресрет на сезоната на загаден воздух во соработка со Еко Свест, ќе се набават потребните делови, и дрвото пак ќе ја има истата функција да го прочистува воздухот.

Зелениот билборд наречен градско дрво е вертикална конструкција направена од мов, висок е 4 метри, широк 3 метри и со длабочина од 60 сантиметри.

Инаку вакво еколошко дрво освен во Тетово има и поставено и во Скопје, кое е зачувано и редовно се одржува

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ