Еден загинат и еден повреден во пукотница што се случи попладнево во Мала Речица

Еден загинат и еден повреден во пукање што се случи попладнево во Мала Речица, тетовско.

Денес околу 18,20 ч. било пријавено пукање од огнено оружје во с.Мала Речица.

По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв. Од Клиничка болница – Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало. Приведени се две лица.

Според неофицијални информации на весникот Коха, Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Мала Речица е убиено, додека рането е уште едно лице од Куманово.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантира информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

„Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активнопсти. Ја демантираме секоја информација во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентетите кои немаат врска со Демократката унија за интеграција и за Демократската унија за интеграција“, се вели во соопштението на ДУИ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ