
Еден заболен од морбили во Тетовско
Здравствен работник од Тетовско што работи во Скопје е првиот и засега единствен пријавен случај на заразено лице со морбили од овој регион, информираа од Центарот за јавно здравје Тетово. Според нивните податоци, случајот бил забележан минатиот петок, а лицето сега се наоѓае на домашно лекување. Од Центарот посочија дека во тек се контроли на сите вакцинални пунктови во регионот под нивна надлежност за утврдување невакцинирани и нецелосно вакцинирани лица со пропишаните две дози на вакцината МПР за превенција од морбили.
Инаку, „Македонија лек“ до утре треба да ги уништи МРП вакцините кои имаат декларации со поминат рок. Агенцијата за лекови донела решение за уништување на повеќе 600 вакцини на кои беа залепени декларации со поминат рок, а наредбата веќе е доставена до добавувачот. Вакцините ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Министерот Филипче најави дека за добавувачот Македонијалек ќе има парична казна, за која инсистира да биде највисока од 70 илјади евра.