Загина работник на градилиште во Кисела Вода

Еден работник починал на лице место, а вториот е пренесен со тешки повреди во болница откако биле поклопени со земја додека извршувале градежни работи на потпорен ѕид во општина Кисела Вода.

Изведувач на работите е фирмата „Баџак Инженеринг“ која била ангажирана за изградбата на потпорниот ѕид на улицата Христо Татарчев, крак 14, со потпишан договор од општина Кисела Вода, а избрана на оглас за јавна набавка. Во интерес на истрагата,  од општината не даваат повеќе информации за несреќата.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ