Еден од советниците на Наќе Чулев е ковид позитивен

Еден од советниците на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев е ковид позитивен. Станува збор за Мухамед Исмаили за кого МВР вели дека не се инфицирал на работно место.

Последната средба на Чулев и Исмаили се случила на 24 мај. Потоа почнале да се јавуваат симптоми кај него, од 2 јуни не се појавува на работа, а на 6 јуни направил ковид тест што покажало позитивен резултат. Засега нема лица во изолација од кабинетот на Чулев, соопштуваат од МВР и дополнуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за заштита на вработените.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ