
Еден мигрант загина, четворица се на лекување на скопските клиники
Едно лице мигрант од Бангладеш починало, четворица мигранти со тешки повреди се однесени на скопската клиника, а осум други се со полесни повреди, во сообраќајката што се случи вчеравечер на автопатот Демир Капија- Неготино.
Од ургентното оделение на Скопската Клиника , соопштија дека во моментот двајца од нив се пренесени на трауматологија и на оделот за интензивно лекување, а другите се вратени назад во кампот.
Пет лица од вкупно 8 , и понатаму се лекуваат во кавадаречката болница , тројцата кои биле вон животна опасност се транспортирани во бегалски камп. Се уште не се знае во кој од двата активни кампови во земјава се наоѓаат.
Од МВР, велат дека е извршен увид на автопатот и дека се трага по сторителот со возило марка „фолксвагенот“. Од таму додават и дека е зголемен бројот на обиди за нелегално влегување во Македонија.
Невладините загижени, велат дека по затворањето на Балканската бегалска рута и легалниот премин на бегалците, криумчарењето е вратено како криминална пракса и е во постојан пораст и носи поголеми ризици за животите на бегалците, но и за останатите учесници во сообраќајот.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Теодора Цветковска