
Еден фалсификуван лек и над сто пријави за несакани ефекти
Еден фалсификуван лек и над 100 пријави за несакани реакции од различна терапија. Агенцијата за лекови поднела пријава до обвинитлството, откако и лабораториски потврдила дека фалсификувани се 28 кутии од еден ист лек, чие име и денеска не сакаа да го откријат. По откочување пак на системот за следење несакани ефекти, за два месеци се пожалиле преку 100 пацинети. Директорот Беќировски тврди дека ниту еден случај не е поврзан со откриениот фалсификат, бидејќи како што рече, тој никогаш не бил пуштен во промет.
- Станува збор за еден лек, но повеќе пакувања, во однос на кој лекови во интерес на псотапката која се води во обвинителството во овој момент не е коректно да коментирам, рече Роберт Беќировски, директор на Агенција за лекови.
Лабораториска потврда за други фалисификати дојдени преку паралелниот увоз засега нема. Беќировски црвсто стои и во одбрана и на квалитетот на инсулините. На дијабетичарите им вети дека ќе добијат уште подобар лек.
- Инсиулините што беа пушетни во промет изминатиот период можам да гарантирам дека се со проверен квалитет. Ве уверувам дека во иднина ќе обезбедиме уште поквалитетен инсулин, смета Беќировски.
Измените во Законот за паралелен увоз за лекови се во Собраниска процедура. Според нив, дистрибутерите на повеќе нивоа ќе треба да гарантираат за безбедноста на лековите. Ќе мора да обезбедат сертификат за квалитет од производителот, потврда од акредитирана и референтна лабораторија, и гаранција за начинот на дистрибуција од местото на производство до местото на испорака на лекот.
Весна Дојчиновска