Еден болничар од штипското Инфективно одделение е позитивен на коронавирус

Еден болничар од штипското Инфективно одделение е позитивен на коронавирус за Телма потврди директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеоѓијева Првиот резултат е негативен за младиот лекар инфектолог, а за остантите 12 медицински сестри, болничари и една лекарка се чекаат да пристигнат резултатите. Во домашен карантин од оваа одделение се 14 медицински лица по контактот со 80 годишната жена, која во вторникот почина на Клиничката за инфективни болести во Скопје.

По што следеше и целосна реорганизација на ова одделение на кое се хоспитализираат лица позитивни на корона вирус од целиот источен регион, а на помош на инфектологот кој немал контакт со сега починатата жена доаѓа специјалист инфектолог од струмичката болница.

На одделението од денеска на лекување имаме вкупно осум пациенти, четворица од претходно, а денеска е хоспитализирано четиричлено семејство од Кочани, брачна двојка и нивните полнолетни деца, вели Ѓеорѓијев.

Во кочанската болница се тестирани вкупно 16 медицински лица од детското одделение по лекувањето на четиримесечното бебе, кое е најмладиот пациент позитивен на коронавирус и е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести.

Директорот на болницата Александар Серафимов вели дека ги чекаат резултатите на здравствените работници, а до поладневните часови од она што е пристигнато во кочанскиот центар за јавно здравје немаат позитивен резултат. Во источна Македонија се потврдени  40 заразени со Ковид 19,  во вкупно пет општини.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ