ЕБР и интервентната полиција чекаат судска наредба за одземање на видео снимките од кафеаната каде беше спречен влезот на пазарните инспектори

Началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски, вечерва информираше дека по примената информација дека пазарната инспекција, која денеска беше спречена да изврши контрола на една кафеана на боемската улица, била и физички нападната, пристигнал пред објектот и по пристигнувањето од инспекторите добил информација дека немаат никаков проблем, ниту потреба од асистенција.

Тој истовремено повикал и полициски службеници и инспектори доколку имало напад на службено лице, да се постапува за загрозување на безбедноста.

Бидејќи немало таква потреба, Ставревски додаде дека продолжил со своите редовни активности но се вратил на истата локација откако добил информација дека таму се распоредени припадници на единицата за брзо распоредувања , кои се под команда на началникот за специјални полициски операции и по наредба од директорот за јавна безбедност.

Таму разговарал и со дополнителниот началник, кој е дел од организацијата на техничката влада, кој има подеднакви ингеренции во однос на постапувањето.

Од директорот за јавна безбедност добил информација дека има лица кои се во внатрешноста на кафеаната, спротивно од правилата, и дека вратата е заклучена.

Ставревски прецизираше дека распоредените сили сега чекаат да биде обезбедена судска наредба за да се влезе и провери веродостојноста на исказите, како и да се обезбедат видео снимките од видео надзорот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ