ДЗЗР утврдил недоследности во работењето на Министерството за локална самоуправа

Министерството за локална самоуправа работело недомаќински во 2016 година, констатира Државниот завод за ревизија. Во најновиот извештај ревизорот утврдил низа недоследности во функционирањето на ова институција со која раководел кадар на ДУИ. Како одговорни лица се посочуваат Љирим Шабани кој бил министер од 1 јануари до 4 април 2016 година и Ширет Елези која ја презема функцијата од 5 април 2016 до 31 мај 2017 година.

Министерството вршело исплати по разни основи врз основа на  некомплетна документација, средствата за рамномерен развој не биле  распределени соодветно, односно наместо за селата финасирани се проекти за развој на планските региони, нема податоци ниту каде завршиле срествата од ИПА фондовите.

Склучени се авторски договори со 6 лица во висина од 845.000 денари без да се знаат нивните обврски и задачи.  За репрезентација потрошени се околу 25.ооо евра кои се непоткрепени со сметки и спецификација за извршените услуги. Најголем дел од сметките се авторизирани од министерот Шабани и од други вработени во министерството.

За само три месеци Шабани преку виза картичката која ја користел направил сметка од 2,5 илјади евра. Купувал од маркети прехрамбени артикли, пијалоци, средства за хигиена, а често посетувал и угостителски објекти. За гориво се исплатени 628.000 денари без да се приложат налози за користење автомобили за службени патувања. Ваквиот потег  и исплатата на сметки и фактури без комплетна документација создава ризик од ненаменско и незаконско користење на средствата, заклучува во извешатајот Државниот завод за ревизија.

Поради одредбите од Договорот со УНДП со кој се ограничуваат контролните механизми, ревзијата не била во можност да изврши увид во финансиската документација на УНДП и начинот на кој се распределни доделените 14 милиони денари.ваквиот начин на работа го зголемува ризикот врз безбедноста на различни податоци и нивно губење.

За податоците во извештајот реагираше Ширет Елези. Во дописот до Државниот завод за ревизија наведува дека нејзините забелешки се во делот на сите точки каде не се дели перидот на управување со претходниот министер Шабани.Тврди дека со нејзиното стапување на функцијата го средила одделението за внатрешна ревизија, донела Правилника за начинот на користење на средствата за репрезенатција а формирана била и Комисија за дисциплинска постапка за ИПА координаторот.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ