ДЗР: Најмногу пари за ФК Брегалница од локалната штипска власт

Штипската локална власт најмногу го милува фудбалскиот клуб Брегалница, во 2017 година 92 отсто од предвидените средства по Програмата за спорт биле транферирани на локалниот клуб, додека останатите седум отосто од финансискиот колач го делеле останатите спортски клубови во општината, покажа конечниот извештај за 2017 година на Државниот завод за ревизија.

  • Со ФК „Брегалница“ не е склучен договор за регулирање на правата и обврските за финансирање на активностите утврдени со програмата, со што се намалува можноста за следење и реализација на истите, соопштија од Државниот завод за ревизија.

За овој фудбалски клуб од страна на Советот не е донесен заклучок ниту за фианнсиски извештај, а со документацијата не се дава и јасна слика како се трошеле парите.

Впечатливо во извештајот е дека во Програмата за изградба на улици и тротоари предвидена е изградба на едни, но се граделе сосема други, кои не биле дел од неа, а како што се вели во извештајот надлежните комисии на советот не донеле одлуки за нив, ниту пак има заврши извештаи за нивно ставање во употреба.

Што се однесува за проектот за Уредувањето на   коритото на реката Отиња еден од најголемите инфраструктурни проекти на претходниот градоначалник, Илчо Захариев се вели дека општината не склучила договори со двете јавни претпријатија, кои што го реализираа проектот и нема документи со кои јасно ќе се утврди колку чини проектов.

  • Поради немање на целосна поткрепувачка документација за направените расходи не е утврдена вкупната вредност на инвестиционите вложувања за проектот „Регулација на корито на река Отиња и кејско уредување и платформа од трета категорија “ и истата не е  евидентирана на позицијата материјални средства во подготовка, велат од Заводот.

Во извештајот се наведува дека и Паркот Макфест бил изграден без обезбедена градежна дозвола, во делот на донации и спонзорства во извештајот се осврнува и за камбанеријата во црквата Свети Никола, за што општината има дадено околу 10.000 евра за нејзина изградба. Што се однсеува за платите на администрацијата и на пожарникарите не се исплаќани согласно колективниот договор. Телма информираше дека затоа и минатата година по сонов на тужби од пожарникарите општината мораше да исплати 1.800.000 денари.

 

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ